„Атлетик“: Клоп потпиша нов договор со Ливерпул!

91

Како што известува попладнево „Атлетик“, Јирген Клоп потпишал нов договор со Ливерпул. Што значе стратегот од Германија ќе седи на клупата на тимот од „Енфилд“ најмалку до 2026 година. Стариот ми истекуваше во 2024 година. Инаку тој “редси“ ги презема во 2015 година.

Се разбира дека во Ливерпул и тоа како се задоволни со неговата работа, успеа од овој тим да направи вистинска победничка “машина“. Беше двапати во финалето во ЛШ, еднаш и го освои, а ја освои и титулата во Премиер – лигата по цели три децении пауза.

Се очекува оваа информација наскоро и Ливерпул да ја потврди.

ПретходноМакедонија после 10 години се враќа на европската карта
СледноИграчите на Болоња славеа пред болницата со Синиша Михајловиќ! (ВИДЕО)