Шпанските медиуми открија дека синоќа имало состанок меѓу претставниците на Роберт Левандовски и шефовите во Барселона. На него присуствувале фудбалскиот директор на Каталонците, Матеу Алемани и Агентот на голгетерот, Пини Захави.
Од составокот произлегла и првата понуда на Барселона за Левандовски за личен договор во времетраење од 2 + 1 година.
Барселона посочила дека е подготвена да плати 30 до 35 милиони евра за правата на Левандовски, ао агентот на напаѓачот на Баерн Минхен, наводно рекол дека побарал од клубот да го ослободи полскиот фудбалер.
Левандовски има договор на уште една сезона со Баерн Минхен, но преговорите со шефовите на германскиот шампион за обновување на договорот се во ќорсокак.