Барселона како клуб доби одобрение за за реконструкција на нејзиниот постоечки стадион Ноу Камп со финансиски средства во висина од 1.5 милијарди евра во проект таканаречен „Espai Barca“.
Работите на Ноу Камп ќе стартуваат во јуни, а проектот ќе трае две години.
„Ќе го имаме најмодерниот, најубавиот и најфункцоналниот стадион на светот“ – изјави првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта.
Следната сезона Барселона ќе ја одигра на Ноу Камп, додека пак 2023/24 на Олимпискиот стадион Монжуик.