Наполи летоска го чека многу работа затоа што неколку фудбалери ќе го напуштат клубот па ќе треба да се најде нивна замена. Пред се тоа се однесува на Лоренцо Инсиње кој одамна најави заминување и нема да ја смени одлуката, а истиот чекор ќе го направи и Дрис Мертенс кој не може да се договори со клубот околу новиот договор. Претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис ја коментираше ситуацијата во клубот. Тој верува дека се уште постои надеж Мертенс да остане.
„Жал ми е што Инсиње си оди. Го почитувам и секогаш се поставував како татко. Ќе треба да најдеме нови играчи. Слушам ќе сме пазареле од Сасуоло? Тоа не е продавница, тоа е клуб. Мораме да погледнеме пошироко на трансферниот пазар. Ќе треба да се обидеме да најдеме нови фудбалски дијаманти како што тоа го правеше Бенитез кога беше кај нас. Му благодарам на тоа што претходно го направи. Сега ќе треба сами да најдеме.
Разговаравме со Мертенс и се согласивме повторно да седнеме по завршување на шампионатот. Сега е финиш на сезоната и пред нас се многу важни натпревари и потребно е фокусот да се стави таму“, вели Де Лаурентис.