Откако веќе е договорено доаѓањето на Никлас Зиле од Баерн Минхен, тимот на Борусија Дортмунд наскоро ќе се пофали со уште еден нов дефанзивец.
Во прашање е Нико Шлотербек, во моментов стоперот на тимот на Фрајбург, кој по одличните игри во овој тим, го прави трансферот на досегашната кариера.
Иако во Дормунд сите очи се вперени во потенцијалниот трансфер на Халанд, и каде на лето ќе заврши еден од најбараните фудбалери на планетава, очигледно дека менаџерскиот тим на клубот си работи и на создавање на тимот за следната сезона.
Информацијата за трансферот на Шлотенберг ја објави Фабрицио Романо.