Македонската женска ракометна репрезентација попладнево во Љубљана, каде се одржа ждрепката за групите на Европското првенство 2022 година, за ривали ги доби селекцииите на Франција, Холандија и Романија.
На ждрепката присуствуваше и нашата репрезентативка Андреа Седлоска, а тука беше и првиот човек на РФМ Живко Мукаетов.
Македонија, како што одамна е познато, и тоа благодарение на раководството на Ракометната федерација е земја домаќин, заедно со Словенија и Црна Гора на ова големо натпреварување кое ќе се одржи од 4 до 20 ноември годинава.
Скопје и салата “Борис Трајковски“ ќе бидат домаќини на групата – Ц, а покрај нашите девојки, тука ќе бидат и селекциите на Франција, Холандија и Романија.
Инаку Македонија на денешната ждрепка се најде во третиот шешир.
На ЕУРО 2022 година ќе учествуваат 16 репрезентации, поделени се во четири групи со по четири селекции, а најдобрите три ќе обезбедат пласман во следната фаза.
ГРУПНА ФАЗА ОД ЕП 2022
А ГРУПА – ЉУБЉАНА
-Норвешка
-Унгарија
-Хрватска
-Швајцарија
Б ГРУПА – ЦЕЛЈЕ
-Данска
-Шведска
-Словенија
-Србија
Ц ГРУПА – СКОПЈЕ
-Франција
-Холандија
-МАКЕДОНИЈА
-Романија
Д ГРУПА – ПОДГОРИЦА
-Полска
-Црна Гора
-Германија
-Шпанија