Откако Ливерпул денеска и официјално потврди дека е потпишан нов договор со тренерот Јирген Клоп со важност до 2026 година, Германецот пред јавноста ги откри и главните мотиви за негово останување на „Енфилд“ уште две години.
„Искрено, мојата сопруга Ула сакаше да остане, и јас како секој добар сопруг, што да направам кога жената сака да остане некаде? Секако велам остануваме. Најважниот договор во мојот живот е тој што го потпишав со мојата сопруга Ула. Една вечер седевме на масата во кујната и Ула рече: ‘Не гледам зошто да заминеме одовде во 2024 година. И реков: Што?’ и така започна се… Потоа почнав да размислувам посериозно и мислев дека треба да направам еден разговор со Пеп Линдерс, бидејќи тој е главната причина за се и нашиот однос е повисок од фудбалот, а кога тој одговори потврдно, јасно беше дека сме отворени за разговори“, изјави Јирген Клоп.