Синоќа тимот на Ливерпул одигра 2:0 на домашен терен против Виљареал во рамките од првиот меч од полуфиналната фаза од Лигата на Шампионите. Предноста на „Редси“ е сериозна но не и недостижна, а тоа менаџерот Јирген Клоп и тоа како го знае.
„Одличен меч за нас. Одлично се поставивме во однос на нивните контра напади. Не им дозволивме да ги развиваат. Се обидовме и успеавме, да играме помеѓу линиите, да пробиваме со додавања меѓу линиите. Бавме перфектни. Двата гола беа одлични. Одигравме добар меч. Жерард Морено се враќа за реваншот и овој дуел е далеку од готов“ – изјави Клоп.