Македонија после 10 години се враќа на европската карта

129

Женската ракометна репрезентација денеска (17 часот) во Љубљана ќе ги дознае имињата на противниците за ЕП 2022 година кое ќе се одржи во Словенија, Македонија и Црна Гора. Нашите двојки ќе се најдоа во третиот шешир, а ќе играат во групата Ц во Скопје. Словенија, Хрватска и Германија се трите земји кои „црвено-жолтите“ ќе ги одбегнат во групната фаза.

Раководството на РФМ успеа да го врати континенталното натпреварување во Македонија после 14 години, последен пат ваков голем настан се одржа во 2008 година. И не е само тоа, нашите девојки после десет години се враќаат на европската карта, последен пат на ЕП, нашиот најдобар национален состав играше во 2012 година.

Домаќин беше Србија, а Македонија заврши на 18 место. Кога сме кај учествата, македонската репрезентација има уште четири, најдобриот пласман е во 2012 година, седмото место. Претходно во 1998 и 2000 година, го освоија осмото место, додека во 2006 година, Македонија заврши 12-та.

ПретходноДортмунд има нов стопер за следната сезона
Следно„Атлетик“: Клоп потпиша нов договор со Ливерпул!