Унијата на европски фудбалски асоцијации (УЕФА) ја подготвува идејата за фајналфорот во Лигата на шампионите, објави Тајмс.
Според информациите ова елитно клупско натпреварување ќе биде исто како кошаркарската Евролига, барем во завршницата. Полуфиналето ќе биде историја, а место тоа ќе се игра фајнл-фор со четири најдобри тима, кои ќе одиграат по еден меч кој ќе ги донесе до финалето.
Домаќин на Ф4 исто како во кошарката ќе биде еден град, сето ова ќе трае недела дена.
Оваа тема е покрената во претходните години, но поради пандемијата коронавирус истата беше на стенд бај.
Најголемите европски тимови го поддржуваат овој план поради бројот на мечеви кои ги играат во една сезона.