Октако сите светски медиуми објавија дека познатиов фудбалски агент Мино Раиола денеска починал, од извои блиски до него во моментов пристигнува демант, односно информацијата е дека тој е сеуште жив но во тешка здравствена ситуација.
Пред околу еден час, беше објавена информацијата дека Раиола починал во болницата каде што некое време се лекува, и каде што му беа извршени и операции, за да ете, во овие моменти стигне и демантот за неговата смрт. Да се надеваме дека ова ќе биде последен пат, светските медиуми предвреме да починат некоја славна личност, и дека Раиола потполно ќе се опорави и дека ќе ја победи болеста.