И официјално и дефинитивно. Јирген Клоп и Ливерпул потпишаа нов договор со важност до 2026 година. Да потсетиме дека оваа вест попладнево прв ја објави „Атлетик“ како ексклузива, за да потоа и самиот Ливерпул официјално потврди дека со германскиот стратег е потпишан нов договор и тој ќе остане на „Енфилд“ до 2026 година.
И самиот клуб и Клоп за официјалните клупски страни истакнаа дека се задоволни од досегашната соработка и дека се надеваат дека така ќе биде и во иднина.
Да потсетиме, Клоп дојде во Ливерпул во 2015 година, сегашниот договор му истекуваше во 2024 година, но од денеска новиот негов договор со „Редси“ ќе важи најмалку до 2026 година.