Пораз за Миркуловски и Вецлар кај Кил

68

Филип Миркуловски и Вецлар го запишаа четвртиот пораз во низа во Бундес-лигата. Тимот за кого настапува македонскиот репрезентативец имаше тешка задача, на гостувањето беше поразен од фаворитот Кил со 27-24 во меч од 26. коло.

Овој натпревар беше решен во првото полувреме, Вецлар постигна осум гола, додека на другата страна Кил имаше 13.

Миркуловски дуелот го заврши со еден гол од исто толку погодоци.

На голот на Кил, Никлас Ландин имаше 21 одбрана.

Вецлар е на седмото место на табелата во Бундес-лигата со 13 победи, три ремија и 11 порази.

ПретходноРангник веќе си договорил нова работа, станува селектор на Австрија
СледноБарса доставила прва понуда за Левандовски: 2+1 година и отштета од 35 милиони евра