Рангник веќе си договорил нова работа, станува селектор на Австрија

100

Откако денеска добија нов тимски шев, Австријците наскоро ќе добијат и нов селектор. Според пишувањето на локалниот печат, актуелниот менаџер на Манчестер Ј., Ралф Рангник е најсериозен кандидат да стане нов селектор на фудбалската репрезентација на Австрија.

„Дер Стандард“ пишува дека Рангник (63), кој е привремен тренер во Манчестер Јунајтед, постигнал договор со Австриската федерација. Од таму не потврдуваат, затоа што чекаат состанок на Управниот одбор на кој треба да се верификуваат одлуките.

Како кандидати за селекторското место се споменуваа и Петер Штогер (56) и Владимир Петковиќ (58), поранешниот селектор на Швајцарија, но се чини дека одлуката е донесена и се очекува истата да биде официјализирана наскоро.

ПретходноФИФА го суспендираше Партизан, забрана за трансфери до 2024 година!
СледноПораз за Миркуловски и Вецлар кај Кил