Роналдо не може сам: Манчестер Ј. ремизираше во дербито со Челзи (ВИДЕО)

129

Ѕвездата на Манчестер Ј., Кристијано Роналдо уште еднаш покажа дека е голем херој за „црвените ѓаволи“ откако вечерва успеа да му обезбеди реми на својот тим на дуелот против Челзи во рамките на 37. коло на Премиерлигата.

Маркос Алонсо донесе предност за гостите во 60. минута, но само една минута подоцна, Роналдо израмни. Кристијано ги постигна последните пет гола за „црвените ѓаволи“ и осум од последните девет гола на Јунајтед.

Нерешениот резултат дополнително ги намали шансите на тимот на Ралф Рангник да стигне до четвртото место. Манчестер Јунајтед заостанува пет бода зад четвртопласираниот Арсенал, но има одиграно два натпревари повеќе.

ПретходноЕгзодусот на Челзи продолжува: И Жоржињо побарал да си оди ова лето
СледноЛЕ: Ајнтрахт (Ф) не престанува да изненадува, триумф на гости во Лондон (ВИДЕО)