Адис Јаховиќ, нашиот репрезентативен напаѓач се чини дека по завршување на сезоната и дефитивно ќе го напушти тимот на Гезтепе. Најновите информации од Турција велат дека за неговите услуги силно е заинтересиран тимот на Пендикспор од Истанбул, клуб кој првпат во својата историја во следната сезона ќе се натпреварува во втората по ранг лига во Турција. Пендикспор имал големи амбиции, па така голема желба на челниците на овој клуб била да го ангажираат искусниот напаѓач и голгетер кој вече долги години со успех настапуваше за неколку тамошни клубови.
Инаку се шпекулира дека Јаховиќ на Пендикспор веќе му кажал “ДА“, па така сега следуваат преговорите околу деталите за евентуалниот договор.