Никола Јокиќ ја заврши сезоната во НБА-лигата. И покрај неговото одлично издание против Голден Стејт, Денвер не успеа да намали со серијата, на крајот беше елиминиран со 4-1.
Српскиот репрезентативец на официјалната прес-конференција по завршување на мечот зборуваше за своите идни планови, потенцира дека одлично се чувствува во Денвер и дека би сакал да остане, доколку дојде вистинска понуда.
„Доколку понудата биде на маса секако дека ќе ја прифатам, навистина го сакам клубот и луѓето кои работат тука. Мислам дека има нешто во тоа што го градиме“, изјави Јокиќ.
Според НБА-правилата, откако минатат година беше прогласен за МВП успеа да добие шанса да го потпише највредниот договор во НБА-лигата. Тој беше вреден 241.000.000 долари и би важел пет години. Денвер веќе може да му го понуди истиот веќе ова лето.
Јокиќ би можел и оваа сезона да биде прогласен за најкорисен играч, а доколку се случи тоа, тој веќе знае како ќе прослави.
„Со пиво, музика и најблиските, како што треба да се прослави“, одговори Србинот.