Иако се почесто се пишува дека Килијан Мбапе на крајот на сезоната ќе го напушти ПСЖ и ќе го облече дресот на Реал Мадрид, во таборот на францускиот шампион се надеваат дека би можел да остане.
Британските медиуми пишуваат дека мајката на 23-годишниот фудбалер, Фајза Ламари, која инаку го застапува, во Катар имала состанок со првиот човек на клубот, Насер Ал-Келаифи. Според „Телеграф“ состанокот поминал добро.
ПСЖ се обидува да го убеди Мбапе на нов двегодишен договор, но Реал Мадрид истовремено е подготвен да го направи најплатен игра во својата историја.
Останува да видиме што ќе одлучи францускиот репрезентативец, кој своите планови ќе ги соопшти после 21. мај, кога завршува сезоната.