Го шокираше Интер, па испрати порака до Милан: Можеби ќе ме земат да играм во Лига на шампиони!

419

Болоња го шокираше Интер во заостанатиот меч од 20. коло во Серија А. Во 80 минута при резултат 1:1 голманот на Интер Јонут Раду направи катастрофална грешка, истата ја казни Никола Сансоне, кој ги постави конечните 2-1.

По овој пораз, Интер има два бода помалку од Милан, кој е лидер на табелата со 74 бода. „Росонерите“ имаат седум бодови повеќе од Наполи на Елиф Елмас кој се наоѓа на третото место на табелата во Серија А.

По мечот херојот на Болоња испрати порака до Милан.

„Се надевам дека во Милан го гледаа мечот. Можеби Малдини или некој од клубот ќе ми се зблагодарат со позајмица, па ќе заиграм во Лигата на шампиони“, изјави Сансоне.

ПретходноГаздата на ПСЖ на состанок со мајката на Мбапе
СледноНова тектонска промена: Лигата на шампиони по моделот на Евролига!