Дали Вардар 1961 ќе ја одбрани титулата или пак Е.Пелистер ќе го врати пехарот во Битола, одговорот на ова прашање ќе го дознаеме наскоро. Големото дерби во македонскиот ракомет е закажан за 1. мај во салата „Боро Чурлевски“.
Во Битола на големо се подготвуваат за спектакл, ќе има фан-зона пред овој натпревар, а сите оние кои нема да можат да набават билети, мечот ќе можат да го гледаат во офицерскиот дом.
Денеска од таборот на Е.Пелистер информираа и за билетите, кои во продажба ќе бидат пуштени утре по цена од 200 денари. Има мали промени околу начинот на купување, он-лајн продажба нема да има.