Фудбалерите на германски Ајнтрахт Франкфурт успеа да остварат уште една чудесна победа на гостински терен, победувајќи го Вест Хем со 2:1 во првото полуфинале на Лигата на Европа. Ансгар Кнауф им донесе предност на гостите за неполни 60 секунди, по што домашните до полувреме преку Михаил Антонио израмнија.
Камада го врати водството на гостите на почетокот на вториот дел, а двата тима погодија по две греди до крајот на мечот, но на крајот „орлите“ го задржаа водството кое може да им донесе финале.
Анхелињо со гол на пет минути пред крајот на мечот со Глазгов Ренџерс успеа да им донесе предност на фудбалерите на РБ Лајпциг по првиот полуфинален дуел во ЛЕ. Домашните имаат минимална предност и ќе се обидат во Шкотска да изборат финале.
ЛИГА НА ЕВРОПА
ПОЛУФИНАЛЕ (ПРВИ МЕЧЕВИ):
РБ Лајпциг – Ренџерс 1:0
Вест Хем – Ајнтрахт (Ф) 1:2