На денешната ждрепка во Љубљана, каде се одредуваа групите за ЕУРО 2022 година, како специјален гостин присуствуваше и претседателот на РФМ Живко Мукаетов. Познато е дека токму по негова заслуга и заслуга на неговите први соработници од нашата Ракометна федерација, Македонија е една од земјите домаќини на ЕП за жени кое ќе се одржи од 4 до 20 ноември оваа година.
Мукаетов откако беше одржана и ждрепката, во која Македонија за ривали ги доби селекциите на Франција, Холандија и Романија, позираше со трофејот кој ќе и биде предаден на репрезентацијата победник на ова ЕУРО 2022. Покрај него и првиот човек на ЕХФ Михаел Видерер беа и првите луѓе на ракометните федерации на Словенија и Црна Гора, земји организатори на првенството.
Потоа Мукаетов не пропушти со нашата репрезентативка Андреа Седлоска да направат заедничко фото за спомен од ждрепката во Љубљана.