По кратко боледување, за кое беше и хоспитализиран денеска ненадејно почина Мино Раиола, еден од најдобрите фудбалски агенти во светот. Контроверзниот агент беше поврзуван со најголемите трансфери во светот, и беше застапник на голем број на играчи од топ класата, и беше познат по милионските провизии кои ги заработуваше.
Неговата здравствена состојба периодов значително се влошила за што беше хоспитализиран и беа извршени операции. Сепак, на крајот лекаркиот тим не можел да му го спаси животот.