Новиот француски првак е подготвен ова лето да го продаде Нејмар. Бразилецот во редовите на ПСЖ пристигна во 2017 година за 222 милиони евра од Барселона и постана најскап фудбалер на сите времиња.
Нејмар сепак не се пронајде најдобро во дресот на „светците“, во измнинатите пет години со ПСЖ одигра само едно финале во ЛШ, па раководството на клубот донесе одлука да го стави на трансфер листата.
Шпански „АС“ и англиски „Скај Спортс“ излегоа со информација дека е одредена цената за него, таа изнесува 90 милиони евра. Ова значи дека ПСЖ е подготвен да изгуби голема сума само да се ослободи од него.
Тоа е миниманлната сума која ПСЖ ја сака за 30-годишниот фудбалер, но прашање е дали постои клуб кој е подготвен да издвои толку пари за Нејмар кој често пати е повреден.
Нејмар од друга страна тврди дека е среќен во Париз и дека нема намера да го смени тимот и покрај тоа што навивачите не го сакаат.
Бразилската ѕвезда за ПСЖ одигра 141 натпревар, постигна 98 голови и 59 асистенции.