Лоши вести за белградски Партизан, еден од најголемите клубови на овие простори. Имено како што пренесуваат српските медиуми, ФИФА го суспендираше Партизан и му збарани да прави трансфери се до 2024 година.
Причината е поради неисплаќање на долговите на клубот кон одредени играчи и клубови, пред се кон Лугано за трансферот на Филип Холендер.
Има тука долгови и кон одредени играчи, но ако Партизан исплати дел од средствата што го должи автоматски казната се укинува.
Да се потсетиме дека слична ваква казна пред извесно време доби и нашиот најтрофеен клуб, Вардар. И вардарци беа казнети со забрана за трансфери во неколку преодни рокови.