Јокиќ ги откри своите планови за во иднина, чека понуда која не се одбива!

721

Никола Јокиќ ја заврши сезоната во НБА-лигата. И покрај неговото одлично издание против Голден Стејт, Денвер не успеа да намали со серијата, на крајот беше елиминиран со 4-1.

Српскиот репрезентативец на официјалната прес-конференција по завршување на мечот зборуваше за своите идни планови, потенцира дека одлично се чувствува во Денвер и дека би сакал да остане, доколку дојде вистинска понуда.

„Доколку понудата биде на маса секако дека ќе ја прифатам, навистина го сакам клубот и луѓето кои работат тука. Мислам дека има нешто во тоа што го градиме“, изјави Јокиќ.

Според НБА-правилата, откако минатат година беше прогласен за МВП успеа да добие шанса да го потпише највредниот договор во НБА-лигата. Тој беше вреден 241.000.000 долари и би важел пет години. Денвер веќе може да му го понуди истиот веќе ова лето.

Јокиќ би можел и оваа сезона да биде прогласен за најкорисен играч, а доколку се случи тоа, тој веќе знае како ќе прослави.

„Со пиво, музика и најблиските, како што треба да се прослави“, одговори Србинот. 

ПретходноВидеолотарија Касинос Австрија со финансиска поддршка за Здружението на уметниците и музичарите ХА & ЕМ од Куманово
СледноЕ.Пелистер утре ќе ги пушти во продажба билетите за Вардар, има мала промена!