Агим Ибраими со нов гол за Динамо Тирана!

113

Нов гол, и тоа седми во првенството на Албанија за нашиот некогашен репрезентативец Агим Ибраими во дресот на Динамо Тирана. Искусниот напаѓач попладнево на гостувањето кај Партизани, успеа од белата точка да стрела прецизно во 38.минута за намалување на домашното водство од 2:1. Инаку крајниот резултат на овој натпревар беше 3:1 за Партизани. Еден од головите за победничкиот тим беше дело на Стенио Жуниор, некогашниот фудбалер на Шкендија.

Кај гостите, кај Динамо Тирана, покрај Ибраими настапи и Горан Силјановски, додека кај домашните од нашите интернационалци играше Егзон Белица.

ПретходноНаполи има понуда за Дијамантот, но допрва ќе одлучува дали ќе ја прифати!
СледноКога твојот соиграч е класичен ИДИОТ! (ВИДЕО)