Ањели: Веќе имаме Суперлига, а тоа е Премиер лигата

221

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели го спореди проектот Суперлига со англиската Премиер лига. Како што е познато, торинскиот гигант е еден од трите клуба кои се уште се надеваат дека ќе се реализира идејата за европска Суперлига. Останатите два клуба се шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона.

„Постепено, Премиер лигата ќе ги привлече сите фудбалски таленти кои одат таму каде што најдобро се плаќа. Ова е веќе Суперлига. Можеме да видиме две англиски екипи во финалето на Лигата на шампионите, една во Лигата на Европа, можеби против некој шкотски клуб. Системот е тој, на домашна сцена секогаш победуваат исти тимови. Со Суперлигата сакавме да создадеме дијалог со УЕФА и ФИФА, околу новото натпреварување. Но, УЕФА е регулатор, судија, комерцијален директор, држи понопол. Ова не е модерно владеење и е основата на жалбата до Европскиот суд на правдата поврзана со идејата за слободна конкуренција на слободен пазар. Денеска нема дијалог, но идеите и ставовите што ги споделуваме за конкретни прашања остануваат. Претседателот на УЕФА, Чеферин мислеше дека тоа е личен напад, напад врз него, но тоа не беше случај“, изјави Ањели.

ПретходноДон Карло за изјавата на Покетино: Понекогаш тренерите лажат….
СледноСудот немаше милост: Бекер доби затворска казна од 2,5 години!