Бобан Николов со Шериф ја освои титулата во Молдавија

267

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов со екипата на Шериф ја освоија шампионската титула во Молдавија. Всушност тимот од Тираспол го одбрани трофејот во локалниот шампионат и стигна до севкупно 20-тата титула првак на Молдавија.
Тоа стана јасно по денешната победа над Динамо Авто во 26. коло во првенството. Па така Шериф има недостижни 66 бода, дури 11 повеќе од вториот Петрокуб.

Инаку ова е прва титула на Николов со Шериф, со Вардар има две титули во Македонија и една шампионска титула и Куп со унгарски Фехервар.

Николов може да оди на двојна круна затоа што Шериф игра и финале на Купот (21 мај) против Сент Џорџ.

ПретходноЧурлинов и Шалке го превземаа врвот во Цвајте (видео)
СледноСалах ја освои првата од наградите за Играч на сезоната