Германски коментатори нападнати на мечот Вест Хем – Ајнтрахт (Ф)

108

Англиски Вест Хем започна истрага за инцидент за време на синоќешниот натпревар од Лигата на Европа против Ајнтрахт Франкфурт. Според информациите, двајца германски коментатори биле нападнати од навивачи на Вест Хем по израмнувачкиот гол на Мајкл Антонио.

Ајнтрахт прв поведе против Вест Хем во четвртокот, а коментаторите на радиото АРД, Тим Брокмаер и Филип Хофмајстер реагирале ентузијастички на раниот гол на Ансгар Кнауф. Тоа очигледно го разбуди гневот на дел од навивачите на Вест Хем, кои го нападнале коментаторското дуо кога дваесетина минути подоцна Антонио израмни на 1-1.

Според БИЛД, слушалките на Брокмаер му биле одземени и фрлени на подот, а некои од навивачите се обиделе и да ги удрат в лице. Хофмајстер во живо во преносот објави дека тој и неговиот колега биле нападнати.

„Свесни сме за инцидентот и работиме на откривање на сторителот или сторителите“, изјави портпаролот на англискиот клуб.

ПретходноЈанта Волеј КВ вечерва ја има првата меч-топка за титула
СледноГотово е, Ридигер ќе биде нов стопер на Реал Мадрид