Готово е, Ридигер ќе биде нов стопер на Реал Мадрид

243

Со годишна плата од 9 милиона евра, бонус за потпис од 8 милиони, и провизија за неговиот агент од 15 милиони евра, за четиригодишен договор, досегашниот играч на Челзи, и актуелен репрезентативец на Германија, Антонио Ридигиер, од следната сезона ќе биде член на тимот на Реал Мадрид.

Тој дефинитивно му пристапува на „Кралскиот клуб“, откако летово му завршува соработката со Челзи каде што престојуваше последните пет години. Ридигер децидно кажа дека не сака повеќе да остане во овој клуб, и дека сака да замине на некое друго место.

 

ПретходноГермански коментатори нападнати на мечот Вест Хем – Ајнтрахт (Ф)
СледноЕ.Пелистер и Вардар в недела пред полни трибини