Екипата на Реал Сосиедад го продолжи договорот со еден од најискусните играчи во тимот Давид Силва. 36-годишниот фудбалер кој го предводи средниот ред на тимот од Сан Себастијан доби нов едногодишен договор и ќе остане и следната сезона.
Силва во Сосиедад дојде во 2020 година од Манчестер Сити. Претходно играше за Селта, Еибар и Валенсија.