52-годишниот холандски стручњак Ерик тен Хаг, кој од следната сезона ќе биде менаџер на Манчестер Јунајтед, инсистира да го купи аргентинскиот напаѓач од Јувентус, Пауло Дибала. Веста ја објавија и весникот „Сан“, но и италијанскиот „Кориере дело Спорт“.
Според изворот, Јунајтед и претходно бил заинтересиран за можноста за трансфер на Аргентинецот, но доаѓањето на Тен Хаг би можело да го забрза овој процес, а за ова може да придонесе и фактот што Дибала на лето ќе стане слободен играч.
Во исто време, интерес за играчот има и од други клубови од англиската Премиер лига, како лондонски Тотенхем и Арсенал, но и Манчестер Сити.