Карло Анчелоти на денешниот прес по повод мечот со Еспањол на кој неговиот Реал Мадрид би требало да стави печат на титулата во Ла Лига, одговараше и на новинарски прашања. Секако дека во преден план беше и реваншот од полуфиналето со Манчестер Сити во ЛШ следната недела, но најинтересбно беше нешто друго, а тоа е неговиот одговор на прашањето што мисли за изјавата на Покетино дека и тој и Мбапе остануваат во ПСЖ и во наредната сезона.
Ова од аспект на тоа дека веќе година – две се најаува на Килијан Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“…
„Па, понекогаш тренерите не ја кажуваат вистината“ кусо одговори Дон Карло.