Елмас се врати на тренинг, подготвен е за дуелот со Сасуоло

99

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, откако го пропушти мечот со Емполи во минатото коло поради повреда, вчера се врати на тренинзите на Наполи и најверојатно веќе ја санираше повредата.

Македонскиот репрезентативец успеа да се рехабилитира навреме од повредата што го мачеше во изминатите денови. Тој вчера ја одработел цела тренинг0сесија со останатите соиграчи и ќе му биде на располагање на тренерот Спалети за саботниот меч со Сасуоло кој наполитанците го играат на домашен терен од 15 часот.

ПретходноКрис Пол не промашува: Рекорд во плеј-офот – 14 шута, 14 коша (ВИДЕО)
СледноЛеванте до јуни ќе одлучи дали ќе го продаде Барди