Ибрахимовиќ: Премногу добар сум за МЛС лигата

121

Златан Ибрахимовиќ се прогласи себе си за најдобар во историјата на Мејџор Сокер Лигата. Швеѓанецот играше за Лос Анџелес Галакси од 2018 до 2019 година, а во една и пол година одигра 58 натпревари и постигна 53 гола и притоа запиша 15 асистенции. Од таму се врати во Европа.
Благодарен сум им на МЛС што ми дадоа шанса да почувствувам како е да се игра таму. Но јас бев премногу добар за тоа првенство. Погледнете ги бројките и ќе разберете зошто. Јас сум најдобриот што играл во МЛС. Не сакам да се рекламирам, но тоа е така. Ми се допадна таму, начинот на работа, начинот на кој го промовираат фудбалот. Стадините не се празни. Кога играв добивав громогласен аплауз.Мило ми е што играв таму“, вели Ибрахимовиќ.

ПретходноТен Хаг го “прескокна“ Роналдо: Нов капитен на Јунајтед ќе биде Де Хеа!
СледноРаботнички победи во пет сета и се избори за четврти меч во финалето со Јанта Волеј КВ