Во светот познато е дека напаѓачите односно голгетерите се посебна сорта. Само голот и тресењето на противничките мрежи им е најважно. Има и такви кои ако не постигнат гол а нивниот тим победи, тогаш и не се радуваат.
А што ќе каже голманот Кристофер Варела од тимот на Депортиво Ташира од Венецуела? Имено на гостувањето кај тимот на Индипендиенте Петролеро во Копа Либертадорес, се случи навистина нешто што Варела го избезуми.
Имено тој ја дегажираше најсилно што можеше топката од пред својот гол, таа долета до домашниот казнет простор, го прескокна голманот и се најде на гол линијата. Кога Варела се израдува дека постигнал фантастичен гол се најде неговиот напаѓач Антони Урибе и само го потврди голот.
Е тоа се вика класичен ИДИОТ…
Се разбира дека на Урибе му се смета голот, а требаше на голманот Варела.
😱 ¡Un gol increíble de arco a arco para @DvoTachira! 👀
🇻🇪⚽️ Tras un saque en largo del arquero Cristopher Varela, Anthony Uribe aprovechó el error defensivo de @IndePetrolero para empujar la pelota en la línea.#GloriaEterna pic.twitter.com/FD8eS1969i
— CONMEBOL Libertadores (@Libertadores) April 27, 2022