Компани пред кам-бек во Премиерлигата?

244

Белгискиот менаџер Винсент Компани е на листата на кандидати за преземање на англиски Барнли, пренесуваат англиските медиуми.

Заминувањето на Шон Дајч по 10 години, ги остави првите луѓе на Барнли во ситуација брзо да бараат адекватно решение. Британски „Телеграф“ објави дека еден од главните кандидати за преземање на менаџерската улога во тимот е Винсент Компани.

Поранешниот капитен на Сити и легенда на тој клуб во моментов го води Андерлехт во својата втора официјална сезона на клупата на белгискиот великан.

ПретходноДибала е првата трансфер цел на новиот менаџер на Манчестер Ј.
СледноСтартува продажбата на билети за женското Европско првенство