Леванте до јуни ќе одлучи дали ќе го продаде Барди

224

Локалните весници од Валенсија повторно го актуелизираа можното заминување на нашиот репрезентативец Енис Барди од екипата на Леванте на крајот на сезоната. Според пишувањето на „Плаза Депортиво“, Барди полека го загуби статусот на ѕвезда во тимот и доколку клубот не успее да го сочува прволигашкиот статус голема е веројатноста управат да се реши на негова продажба за да покрие дел од финансиските загуби.

Барди во февруари потпиша нов договор со Леванте за уште две сезони, но тоа нема да биде пречка спортскиот директор на Леванте, Фелипе Мињамбрес  да го стави на продажба. Според весникот, Мињамбрес подготвува неколку можни сценарија за наредната година, во која реална опција е и испаѓањето во Втората лига. Доколку тоа се случи, Леванте ќе сака да ослободи сума од 13 до 17 милиони евра која ќе ја загуби со неиграњето во Ла Лига.

Тоа, пак, ќе значи реална можност за продажба на Барди. Проценките се дека Леванте одлуката за иднината на Барди ќе ја донесе пред 30 јуни, кога најверојатно ќе постави цена од нешто повеќе од 10 милиони евра за неговата слобода.

ПретходноЕлмас се врати на тренинг, подготвен е за дуелот со Сасуоло
СледноДибала е првата трансфер цел на новиот менаџер на Манчестер Ј.