Македонија домаќин на развоен турнир за фудбалери до 16 години

584

Фудбалската федерација на Македонија во периодот од 2 до 8 мај ќе биде домаќин на Уефа развојниот турнир за фудбалери до 16 години (2006 генерација).

Покрај нашата млада селекција, учество ќе земат и репрезентациите на Таџикистан, Косово и Хондурас.

Натпреварите од развојниот турнир ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски” и стадионот на Македонија Ѓ.П.

На 3. мај во 11. часот Македонија ќе одигра со Таџикистан. Во вториот меч првото коло силите ќе ги одмерат Косово и Хондурас.

На 5. мај во рамките на второто коло од турнирот ќе играат Македонија против Косово (тренинг центар „Петар Милошевски”) и Хондурас против Таџикистан (стадион на Македонија Ѓ.П.) Двете средби ќе бидат одиграни во 16. часот.

На 8. мај во последното коло на програмата се натпреварите Македонија – Хондурас во 11. часот и Таџикистан – Косово во 17. часот на тренинг центарот „Петар Милошевски”.

Селекторот на младата селекција на Македонија до 16 години, Вујадин Станојковиќ за претстојниот турнир се одлучи да ги повика следните фудбалери:

ГОЛМАНИ: Славе Вргов (Академија Пандев), Спаско Ахтаров (Македонија Ѓ.П.)

ОДБРАНА: Филип Митев (Академија Пандев), Андреј Велков (Академија Пандев), Анес Мелиќи (Шкендија), Никола Стојковски (Шкендија), Андреј Љубевски (Работнички);

СРЕДЕН РЕД: Мартин Јованови (Македонија Ѓ.П.), Никола Манојлов (Работнички), Нуман Ајетовиќ (Вардар), Дарио Јакимовски (Македонија Ѓ.П.), Фљакрон Мемиши (Шкендија), Валентин Блажевски (Њу Старс), Дарко Сековски (Вардар), Максимилијан Димитриевски (Борусија Минхенгладбах, Германија), Даниел Коцев (Работнички), Аљмир Подграѓа (Работнички);

НАПАД: Мухамед Елмас (Работнички), Алин Алији (Вардар), Стефан Младеновски (Вардар);

ПретходноРакометот како фудбалот, нема веќе гол во гости
СледноАндреа Лекиќ ќе игра во Ференцварош