Наполи има понуда за Дијамантот, но допрва ќе одлучува дали ќе ја прифати!

727

Како што пишуваат медиумите во Италија, до канцеларијата на Наполи пристигнала и официјална понуда за купување на Елиф Елмас. Не се наведува за кој клуб точно станува збор, односно кој клуб ја доставил таа понуда, но се претпоставува и шпекулира дека тоа би можел да биде Милан.

Имено во изминатите денови наголемо се шпекулираше во Италија дека токму клубот од Милано бил силно зантересиран за македонскиот Дијамант кој има важечки договор со Наполи.

Сепак дали Елмас летово ќе го напушти Наполи за тоа одлучува самиот клуб односно првиот човек на наполитанците Аурелио де Лаурентис.

ПретходноУтре е ден за дербија во ВМФЛ: Воска – Вардар и Победа – Беласица…ќе биде “жешко“во Струга и Прилеп!
СледноАгим Ибраими со нов гол за Динамо Тирана!