Нова понуда за купување на Челзи вредна 4,25 милијарди фунти!

197

Иако се мислеше дека досегашните три понуди се и последни, пред истекување на рокотм во врска со продажбата на Челзи, од денеска има најнова, четврта, и таа најголема. Имено британскиот бизнисмен Сер Џим Ретклиф испратил официјална понуда за преземање на клубот од „Стемфорд Бриџ“ која е вредна дури 4,25 милијарди фунти.

Инаку Ретклиф сакал уште во 2019 година да го купи Челзи, но тоа не му успеало, па затоа ја купил Ница.

Инаку се напоменува дека во понеделник би требало да се знае кој е новиот сопственик на еврпскиот првак кој се соочи со проблеми по агресијата на Русија врз Украина со оглед на тоа дека прв човек на “сините“ беше рускиот тајкун Роман Абрамович.

ПретходноСудот немаше милост: Бекер доби затворска казна од 2,5 години!
СледноУтре е ден за дербија во ВМФЛ: Воска – Вардар и Победа – Беласица…ќе биде “жешко“во Струга и Прилеп!