Новинарите одбраа, Салах е најдобар сезонава во Премиер лигата

79

Мхамед Салах сеуште не освоил ниту една титула со својот тим Ливерпул сезонава, а на дофат му се и онаа од Премиер лигата, а и онаа од Лигата на Шампионите, но ја освои пак првата индивидуална.

Здружението на фудбалски новинари на Островото, го одбра Салах за најдобар со 48% од гласовите пред Кевин Де Брујн односно Деклан Рајс. За репрезентативецот на Египет, ова е втора ваква награда откако првата ја освои во 2018 година.

До овој момент сезонава, 29. годишниот Мохамед Салах на 31 натпревар во Премиер лигата постигна 22 гола и 13 асистенции. Вкупно има 30 гола и 14 асистенции на 44 натпревари.

ПретходноОфицијално: Рангник е нов селектор на Австрија но останува дел од Јунајтед
СледноАлиоски на молитва во Мека