Екипата на Севиља не успеа да го освои целиот плен вечерва против Кадиз во 34. коло на шпанската Ла Лига. Андалузијците одиграа 1:1 против соседите и покрај тоа што имаа водство во првото полувреме.
Ен Несири со гол во 7. минута ја доведе Севиља во предност, а фаворитот не успеа да ги освои трите бода. Во 66. минута Лукас Перез со прекрасен гол од слободен удар го изедначи резултатот кој се покажа како конечен.
Севиља е втора со 64 бода, а Кадиз е на 17. место со два бода повеќе од опасната зона.