ЕХФ, европската ракометна федерација, одлучи да го промени универзалното правило таканаречено „гол во гости“ и да го следи примерот со УЕФА, односно фудбалот во кој повеќе ова правило не важи.
Ракометот нема повеќе да се игра по ова правило, односно сите клупски и меѓународни натпреварувања од следната сезона.
Оваа одлука ја донесе Извршниот комитет на ЕХФ на последниот состанок се со цел да се сведат на минимум тактизирањата и калкулациите на екипите односно репрезентациите.