Стразбур стигна 1:3 против ПСЖ и уште сонува за ЛШ (видео)

225

Интересен меч со шест голови одиграа Стразбур и ПСЖ во рамките на 35. коло на Лига1. Мечот беше возбудлив со тоа што домашните водеа, па имаа негатива, па на крајот спасија бод (3:3). Кевин Гамеиро го доведе Стразбур во водство во 3. минута, но во 23. минута изедначи Мбапе.
Од 64. до 68. минута Хакими и Мбапе обезбедија предност од 1:3 за Пари Сен Жермен со што го трасираа патот на својата екипа кон нова победа. Сепак, не стигнаа до таму бидејќи домашната екипа успеа да врати.
Во 75. минута Марко Верати си ја затресе мрежата, а во 91. минута дефанзивниот играч за врска Антони Каси спаси бод за Стразбур.

Стразбур е петти на табелата со два поени помалку од двете екипи што се пред него Монако и Рен кои се на местата кои водат во ЛШ. ПСЖ е прв на табелата.

ПретходноПерез со прекрасен гол донесе голем бод на Кадиз против Севиља (видео)
СледноМемфис со пресврт до полуфинале во Западот (ВИДЕО)