Тен Хаг го “прескокна“ Роналдо: Нов капитен на Јунајтед ќе биде Де Хеа!

308

Како што известуваат медиумите од Островот, новиот стратег на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг има и тоа како намера да внесе големи промени во тимот од “Олд Трафорд“ за наредната сезона. Се разбира дека ќе му ја одземе капитенската лента на очајниот Хари Мегваер, но исто така има намера и да го “прескокне“ Кристијано Роналдо. Португалецот се надеваше, но и фановите на Јунајтед очекуваа дека холандскиот стратег ќе му ја даде лентата на Кристијано, но нема да биде така.

Имено нов капитен на Јунајтед ќе биде голманот Давид де Хеа, еден од ретките кои во последните сезони кои беа катастрофа за клубот, беше на висина на задачата.

ПретходноДавид Силва продолжи со Сосиедад
СледноИбрахимовиќ: Премногу добар сум за МЛС лигата