На четири кола до крајот во ПМФЛ, екипата на Шкупи и официјално е шампион. Сега до крајот останува момците од Чаир да одиграат за своја душа, да одиграат професионално како што беше досега. Секако дека така и ќе биде ако се знае победничкиот карактер на стратегот Гоце Седлоски и целиот шампионски тим на Шкупи.
Кристијан Трапановски, офанзивецот на новиот шампион во пресрет на утрешното гостување во Штип кај Брегалница, истакнува…
„За овој натпревар се подготвуваме како и за сите други на професионален план. Ние иако сме шампиони на сите останати мечеви до крајот, како и на утрешниот со Брегалница, одиме на победа. Да, го респектираме составот на Брегалница, но исходот на овој меч ќе зависи од нас“ рече покрај другото Трапановски.