Утре е ден за дербија во ВМФЛ: Воска – Вардар и Победа – Беласица…ќе биде “жешко“во Струга и Прилеп!

413

Утре од 17 часот се играат сите мечеви од 25.коло во двете втори лиги. Значи остануваат уште само три кола до крајот. Две дилеми се расчистени, а тоа е дека Силекс на западот ќе заврши како прв, му требаат уште два бода, може и помалку, за да стави печат на враќањето во елитата. Втората е дека Саса и дефинитивно веќе ги загуби шансите за пласман на првото или второто место на истокот.

Утре е ден за дербија. На програмата се мечевите Воска – Вардар, кој се игра во Струга, и во Прилеп се среќаваат Победа и Беласица, и тоа како ќе биде “жешко“ на двата натпревари.

Воска во последните три кола влегува со предност над Вардар од шест бода, па така утре со триумф, па и со реми, ќе стави печат на пласман во баражот, што ќе биде феноменален успех за тимот на Раде Цицмиловиќ. Но ако Вардар победи во Струга, е тогаш во последните две кола ќе биде пекол.

Инаку Воска до крајот игра дома со Вардар и Беса, а му гостува на Силекс во псоледното коло.

Вардар пак гостува кај Воска, игра дома со Силекс и на крај гостува кај Кораби.

ЗАПАД ТАБЕЛА

1.СИЛЕКС 62

2.ВОСКА 55

3.ВАРДАР 49

Можно е да е слика од еден или повеќемина и надвор

На истокот Слога (В) е во пол позиција, има бод предност пред втората Беласица и третата Победа. Виничани утре играат кај Саса, па потоа и гостуваат на Беласица за да на крај играат дома со Победа.

Беласица утре гостува во Прилеп, па дома се среќава со Слога (В) и на крај гостува кај Кожув.

Победа пак утре игра дома со Беласица, потоа пак игра дома со Кожув и во последното коло и гостува на Слога (В).

Значи овде имаме „мртва трка“ меѓу Слога (В), Беласица и Победа. Само една од овие три екипи ќе оди директно во ПМФЛ, втората ќе игра бараж а третата ќе биде малерот што се вели.

ИСТОК ТАБЕЛА

1.СЛОГА (В) 54

2.БЕЛАСИЦА 53

3.ПОБЕДА 53

ПретходноНова понуда за купување на Челзи вредна 4,25 милијарди фунти!
СледноНаполи има понуда за Дијамантот, но допрва ќе одлучува дали ќе ја прифати!