Челзи до понеделник ќе има нов сопственик: Трите понуди ги минаа сите „филтри“

430

„Рајн Груп“ која има задача да најде нов сопственик на клубот најави дека најдоцна до понеделник ќе ја изберат најдобрата понуда за продажба на лондонски Челзи. Како што објавија добро упатени извори, процесот на продажба, предводен од „Рајн Груп“ во Њујорк, ја достигна својата завршна фаза оваа недела кога се одржаа последните состаноци со трите засегнати страни.

Конзорциумите предводени од Тод Боули (сопственик на ЛА Доџерс), Сер Мартин Бротон (поранешен претседател на Ливерпул) и Стивен Паљука (сопственик на Аталанта и Бостон Селтикс) имаа можност да ги претстават своите планови за реновирање на „Стемфорд Бриџ“, кој беше еден од условите за купување на Челзи.

Боули и Бротон имаат предност пред Паљука, но тој, пак, има големи планови за Челзи, не само за стадионот, туку и за остварување приходи надвор од теренот.

Конечната цена на зделката би можела да достигне меѓу 3,5 и 4 милијарди британски фунти, наведува „Скај њуз“. Ова ќе биде најголемата зделка некогаш направена од спортска франшиза. Според информациите, Роман Абрамович минатата недела побарал од сите тројца финалисти да ги зголемат своите понуди за дополнителни 500 милиони фунти. Иако не е сосема јасно зошто е поднесено ова конкретно барање, сите три групи се согласиле со тоа, бидејќи тоа ќе биде дел од добротворна донација што ќе биде направена од средствата од продажбата.

ПретходноДончиќ и Брансон го „лансираа“ Далас во втората рунда од НБА плеј-офот (ВИДЕО)
СледноКрис Пол не промашува: Рекорд во плеј-офот – 14 шута, 14 коша (ВИДЕО)